Божик во Вашингтон

25.12.2013 12:27

Со Божикни песни, литургии во црквите, читање од Светото Писмо, синоќа почна прославата на Божик во Соединетите Американски држави. Над 90 проценти од Американците коишто се христијани го слават Христовото Раѓање-Божик  со своите семејства.

„Нека овој Божик биде време за мир, радост и љуобов за сите нас. Господ не сака сите!„изјави кардиналот Доналд Вуер- Бискуп за САД

Освен традиционално мисирка, на Божикната трпеза во секој дом има и леб од ѓумбир во вид на куќа што го означува домот на верниците. Секоја година и готвачите во Белата Куќа прават леб од ѓумбир за семејството на американскиот претседател. Пред да замине за празниците на Хаваите, американскиот претседател Барак Обама ја откри националната Божикна елка пред Белата Куќа.

„Сакам да им посакам на сите среќен Божик и празнични денови. Господ да Ве благослови, нашите војници и Соединетите Американски држави!„ порача  Барак Обама- претседател на САД.

Во чест на Божик, по 49-ти пат и пред американскиот Конгрес е поставена Божикна елка од национален парк во американската сојузна држава Вашингтон. Главниот град на САД живее во Божикно добро расположение.

Божик е најголемиот религиозен празник во САД и е неработен ден.

Ирина Гелевска постојан дописник на МРТ од Вашингтон