СОНК избра ново раководство
Стојко Рамов е новиот претседател на СОНК. По 16 години на чело на СОНК, Јаким Неделков заминува. Му порача да го продолжи социјалниот дијалог, тој се обврза да го подобри статусот и достоинството на вработените во образованието, науката и културата, со нови колективни договори. Синдикатот бара повисоки плати и подобри услови, Министерството најави преструктурирање на образовниот систем без нови вработувања ...

Новото раководство на СОНК уверува дека ќе продолжи борбата за поголеми права на вработените во образованието.
Продолжување на социјалниот дијалог и партнерство на сите нивоа, склучување на нови колективни договори, враќање на достоинството на просветните работници. Ова се дел од приоритетите на новиот претседател на СОНК.
Јаким Неделков по 16 години замина од челното место во синдикатот. Рече дека во изминатиот период успеал да издејствува повисоки плати и во периоди на висока инфлација и економска неизвесност. И тој очекува социјалниот дијалог да продолжи.
Според министерката за образование и наука Јаневска досегашната соработка со СОНК дала резултати.
Процесот на оптимизација според Јаневска треба да трае најмногу четири години, во кои ќе нема отпуштања и нови вработувања.
Ана Јосифоска
