Крушево

19 години без Тоше Проески

16.10.2026 18:15

Поминаа 19 години без Тоше Проески. 19 години од сообраќајната несреќа кога Тоше загина во сообраќајната несреќа кај Нова Градишка, Хрватска. 19 години сеќавање, незаборав. 19-ти пат маратонците трчаа за Тоше…

Тајна, сеќавања, незаборав, црвени рози, маратонците. 19 години без Тоше Проески, но со незаборав за големиот музичар, хуманитарец-човекот со срце за сите.

Од Нова Градишка по 19-ти пат 14 маратонци пристигнаа на вечното почивалиште на Тоше на Гумење во Крушево. Ги прегрнаа спомените и винил плочата на Тоше „Без граници“. 16-ти октомври е датум за бесконечноста за Тоше.

Непребол и незаборав за Тоше и од верните почитувачи и од генерациите по него.

„19 години,како да беше вчера. А ќе биде засекогаш. Верувам дека Тоше e игра без граници, човек без граници, љубов без граници, енергија“.

Спомен куќата на Гумење ги понуди на нов увид 380-те експонати, а уште толку се во депото.

Уште една година без Тоше Проески. Уште еден незаборав.

 

Елизабета Митреска