Третата фаза пред разрешница!
Во идеална варијанта, покрај Кина, утре дури четири репрезентации можат да обезбедат пласман во третата фаза на женскиот одбојкарски мундијал којашто е еквивалентна на четвртфинале. За да остане само едно празно место во пресрет на завршното коло в недела, во групата Е, Доминиканската Република треба да ја совлада Кина којашто веќе обезбеди нареден круг, а Италија да биде подобра од директниот конкурент Јапонија. Пресметките Германија - Белгија и Хрватска – Азербејџан ќе немаат влијание во конкуренцијата за најдобрите три места.

Два меча би можеле да креираат расплет во сегментот Ф. Досега несовладливите Американки и Бразилки со евентуални осми победи ќе влезат меѓу шесте најдобри репрезентации на Светското првенство во Италија, без разлика на резултатите во последната рунда. Соединетите Американски Држави ќе играат против Србија којшто е трета со бод повеќе од Русија. Актуелниот и двоен шампион по ред, „зборнаја“ би се соочил со елиминација во случај на пораз од „кариоките“. Четирите преостанати репрезентација не се во главната трка, па утре ќе играат за престиж и тоа Турција против Холандија и Бугарија со Казахстан.
Саботната програма на МРТ собранискиот сервис ќе содржи два преноса, 17 часот Србија – Америка и Хрватска - Азрбејџан околу 20 и 45 по завршувањето на кошаркарскиот АБА дуел, Мега Визура – МЗТ Скопје Аеродром.