Почнува регионалната АБА лига

03.10.2014 20:12

Трета македонска сезона на јадранот, сите три за тројниот наш шампион МТЗ Скопје, 14-та година во низа што ќе ни ги понуди најголемите возбудувања на регионалната клупска кошарка. Иако се уште не успеа да ги разбуди страстите што некогаш гореа во спортските храмови ширум бившата држава, сепак квалитетот на АБА лигата е присутен и неспорен.
 
Главното прашање за нас, е колку е квалитетен нашиот претставник и што Аеродромци ќе ни понудат оваа сезона. Навидум, според она што се случуваше во летниот период и според списокот што го понуди новиот кормилар Змаго Сагадин, јасно е дека нема имиња што отскокнуваат од групата и нема некакви супер таленти. Ова воедно е и ставот на неколку престижни европски мадиуми, што се занимаваат со оценки и со проценки на кошарката, пред почетокот на големите натпреварувања.
 
Често се случувало напишаното пред да почне и откако ќе заврши лигата, да бидат дијаметрално различни. Често се случуваше во изминатите две сезони, во Скопје па и на свој терен, да потклекнат и најголемите во АБА лигата. Тоа е сигурно желбата, на сите искрени љубители на кошарката во Македонија. Металците се на потег – да докажуваат, покажуваат, победуваат... да играат кошарка.
 
Јадранот останува без супер шампионот Партизан каков што го познаваме, црно-белите влегуваат во новата одисеја ослабени и играчки и финансиски. Актуелниот првак Цибона не е на нивото од минатата сезона, остана без инспираторот и МВП на финалето, Дарио Шариќ. Вечниот фаворит Звезда ќе го отвори шампионатот во дуел со дебитантот Левски, екипа што исто така има македонска димензија во себе.
 
Двојки од првата рунда:
 
Петок:
 
Ц. Звезда - Левски (19:00 МРТ)
Цибона - . Олимпија (21:00)
 
Сабота:
 
Крка - Цедевита (17:00)
Солнок - Партизан (18:00)
Мега Визура - МЗТ Скопје Аеродром (19:00 МРТ)
Задар - Игокеа (21:00)
Будуќност - Металац (21:00)