Протести
Судири меѓу студенти и полицијата во Тирана
17.10.2026 15:33
Четврти ден по ред, судири меѓу демонстрантите и полицијата во Тирана. Студентите бараат подобри услови за образование и стандарди според европските критериуми.

Демонстрантите, предводени од студенти, четврти ден по ред се судрија со албанската полиција во Тирана. Протестите ги организираат студентски групи кои бараат реформи во образованието и подобрување на условите за студирање.
„Тука сме за да ги побараме нашите студентски права. Сакаме образовни стандарди какви што има во земјите од Европската Унија, бидејќи ништо не е онака како што треба да биде“, изјави еден од демонстрантите.
