Србија

Вучиќ на предизборен митинг во Нови Сад

17.10.2026 15:36

Александар Вучиќ одржа предизборен митинг во Нови Сад, градот во кој пред речиси две години загинаа 16 лица при уривањето на натстрешницата на железничката станица, трагедија што предизвика масовни антивладини протести.

Александар Вучиќ одржа предизборен митинг во Нови Сад, каде што пред речиси две години, при уривањето на натстрешницата на железничката станица, загинаа 16 лица, што предизвика бран антивладини протести. На митингот присуствуваа илјадници негови поддржувачи, во пресрет на предвремените парламентарни избори, за кои се наведува дека се закажани за 25 октомври.

„Многу пари дојдоа од странство. Внесени се милијарди за да се уништи Србија. Ја искористија трагедијата и тргнаа против нашата Србија. Тие мразат сè што е српско“, изјави Вучиќ.

„Ете колку го ценам Александар Вучиќ. Не дојдов овде за да ве учам како да гласате, како што тоа го прават некои други странци, кои се однесуваат како подобро да знаат што ви е потребно и што е добро за вас“, рече словачкиот премиер, Роберт Фицо.