Италија

Студентски протести против владата на Мелони во повеќе италијански градови

17.10.2026 16:21

Студентски протести во повеќе градови низ Италија прераснаа во судири со полицијата. Демонстрантите бараат поголеми вложувања во образованието и намалување на воените трошоци.

Студентски протести против владата на Џорџа Мелони вечерва се одржаа во повеќе италијански градови, при што дојде до судири со полицијата, фрлање камења, јајца и пиротехнички средства. Демонстрантите бараат поголеми вложувања во образованието и намалување на воените трошоци, а најсериозните инциденти беа регистрирани во Торино и Рим.

Протестите, организирани под паролата „Не за Мелони“, опфатија повеќе градови, меѓу кои Торино, Рим, Џенова, Венеција, Падова, Тревизо и Каљари.

Студентите излегоа на улиците по серијата окупации на училишни објекти, незадоволни од состојбите во образованието и политиките на италијанската влада.