Над 150 повредени во антивладините протести во Албанија
Четврти ден антивладини протести во Албанија. Над 150 повредени во судирите меѓу демонстрантите и полицијата, додека студентите бараат образовни реформи и оставка од премиерот Еди Рама.

Демонстранти, предводени од студенти, четврти ден по ред се судрија со албанската полиција во Тирана. Протестите ги организираат студентски групи кои бараат реформи во образованието и оставка од премиерот Еди Рама поради обвинувања за корупција.
За време на синоќешните десетчасовни протести, демонстрантите фрлале камења кон полицијата, палеле клупи и канти за отпадоци и оштетувале јавни објекти. Полицијата употребила солзавец и водени топови за да ги растера демонстрантите.
Според информациите, повредени се над 150 лица, а приведени се десетина демонстранти.
Протести, освен во Тирана, се одржале и во Лежа, Елбасан, Скадар и Корча.
