Масовни протести во Франција, Париз блокиран од демонстранти
17.10.2026 16:25
Масовни протести во Франција. Париз е блокиран, полицијата приведе 61 лице, а низ земјата се најавени стотици протестни акции со барања за подобри услови за живот.

Франција се соочува со масовни протести. Париз од изутринава е блокиран поради протестите на млади демонстранти кои бараат подобри услови за живот.
Полицијата очекува меѓу 60 и 110 илјади демонстранти, а веќе растера два ненајавени марша и приведе 61 лице.
На шест месеци пред претседателските избори, средношколци, студенти, синдикати и климатски активисти се обединија и најавија бран од 500 протестни акции низ целата земја.
Францускиот претседател Емануел Макрон упати јавен повик за мир и воздржаност.
