Народниот правобранител со отворена канцеларија за пријавување изборни неправилности во Брвеница
По повод предвремените локални избори за градоначалник на Општина Брвеница, денеска од 7 до 19 часот ќе биде отворена подрачната канцеларија на Народниот правобранител во Тетово, каде што граѓаните ќе можат да пријават евентуални повреди на избирачкото право.

Граѓаните, освен лично во канцеларијата, неправилности во изборниот процес ќе можат да пријават и на телефонскиот број 044 344-082.
Од институцијата информираат дека Народниот правобранител ќе презема итни мерки за заштита на избирачките права, преку соработка со надлежните органи и институции задолжени за законито спроведување на изборниот процес.
Народниот правобранител потсетува дека избирачкото право е уставно загарантирано, еднакво, општо и непосредно и се остварува на слободни избори со тајно гласање.
Оттаму нагласуваат дека никој не смее да биде повикан на одговорност поради остварување на своето избирачко право, а секое попречување на слободното определување на гласачите, како и другите повреди на избирачките права, претставуваат казниви дела.
