Фудбал

Вардар и Пелистер на мегдан во Ѓорче Петров

04.10.2014 11:53

Играат Вардар и Пелистер и се е кажано! Дерби!Инспирација за фудбалерите, возбуда кај „Комитите“ и “Чкембарите“, магнет за значително поголем број на љубители на фудбалот на трибините.Денеска  традиционалните ривали го отвораат 10-то првенствено коло во поинаков амбиент од вообичаениот.:Наместо во срцето на Градскиот парк во Скопје, силите ќе ги одмерат на скопската „периферија“, на стадионот во Ѓорче Петров. Визуелно, делбито можеби ќе е осиромашено, натпреварувачки ниту малку не губи ос својата привлечност.

Играат Вардар и Пелистер и се е кажано! Дерби!Инспирација за фудбалерите, возбуда кај „Комитите“ и “Чкембарите“, магнет за значително поголем број на љубители на фудбалот на трибините.Денеска  традиционалните ривали го отвораат 10-то првенствено коло во поинаков амбиент од вообичаениот.:Наместо во срцето на Градскиот парк во Скопје, силите ќе ги одмерат на скопската „периферија“, на стадионот во Ѓорче Петров. Визуелно, делбито можеби ќе е осиромашено, натпреварувачки ниту малку не губи ос својата привлечност. Вардар со видлива доза на надмоќност го започна шампионатот.

Заседна на лидерската позиција и постојано ја зголемува бодовната предност. На Пелистер му требаше „загревање“, во првите три кола доживеа два пораза! Првиот токму од Вардар по „Тумбе кафе“ со 0:1  кога  Петров му пресуди.На затоа пак, на последните шест натпревари Пелистер не знае за пораз. Има гранитна одбрана  која само три пати капитулира! Вардар покрај Шкендија е најефикасниот тим во лигата со два  постигнати гола во просек. Од поодамна играчки не бил посилен.

Тренерот Сергеј Андреев стрпливо го формира тимскиот мозаик. Денеска и во подолг период ќе му недостасува повредениот репрезентативец Дарко Глишиќ, но за Горан Попов , пооследната и највредна аквизиција  на Вардар се отвора можноста за „црвено-црното“ деби.Марјан Секуловски, предводникот од клупата на Пелистер е пред нов предизвик: досега непоразен на гостувањата, да го преживее и Вардар, да ја има цврстината од гостувањата во Турново,Тетово, Кратово и Штип! Ова е посебен фудбалски момент, нема да изостане навивачкиот набој, но желба  е да мине без пиротехника и интервенции на припадниците за безбедност.

 

Прва лига: 10 коло

Сабота:15.00

Вардар-Пелистер  МРТ –пренос

 

Недела:

Тетекс-Ренова

Металург-Работнички

Хоризонт-Силекс

Брегалница-Шкендија

Табела:

1.Вардар          21

2.Металург      17

3.Шкендија     15

4.Пелистер      15

5.Силекс          13

6.Хоризонт      13

7.Работнички  13

8.Ренова            9

9.Брегалница    5

10.Тетекс          2