Локални избори

ДИК: Излезноста во Брвеница до 9 часот изнесува 2,46 отсто

18.10.2026 10:42

На предвремените локални избори за градоначалник на Општина Брвеница до 9 часот гласале 400 граѓани, односно 2,46 отсто од запишаните избирачи, информираше портпаролката на Државната изборна комисија (ДИК), Радица Тодоровска-Алексовска.

Во споредба со првиот круг од локалните избори во 2025 година, излезноста е помала за 2,87 процентни поени.

Од ДИК соопштија дека гласањето започнало во 7 часот и засега се одвива непречено, без пријавени проблеми или неправилности.

Право на глас имаат вкупно 16.256 избирачи, кои можат да гласаат на 24 избирачки места во општината.

За информации поврзани со остварувањето на избирачкото право, граѓаните можат да се обратат на бесплатната телефонска линија на ДИК, 0800 555 44. За лицата со оштетен слух е достапен бројот 076 488 360, преку кој со видеоповик се обезбедуваат информации на знаковен јазик.

Од Комисијата информираат дека на вчерашното гласање своето избирачко право го оствариле 85 од вкупно 88 пријавени болни и немоќни лица, како и седум од деветте избирачи кои издржуваат затворска казна или се во притвор.