Ментално здравје

Секој втор средношколец под стрес и анксиозност

18.10.2026 13:00

Притисокот од врсниците, високите очекувања од себеси, социјалните мрежи и неизвесноста за иднината се сè поголем товар за младите. Стресот и анксиозноста се сериозни предизвици во нивното секојдневие, а стравот од осуда е причина поради која ретко бараат помош. Сепак, дел од нив порачуваат дека разговорот и поддршката се важен чекор кон надминување на проблемите.

Очекувања, притисок, стрес дома и на училиште. Прилепските средношколки Кети Николоска и Јована Пејовска секојдневно чувствуваат стрес и анксиозност.

Околу 50 проценти од учениците се справуваат со стрес и анксиозност, покажува најновото истражување спроведено во прилепското средно училиште „Ѓорче Петров“. Психологот Маја Димоска-Јандреска ги објаснува состојбите кај младите и го посочува, како што вели, едноставното решение - разговор и комуникација.

Дел од учениците воспоставуваат комуникација и отворено разговараат за проблемите со кои се соочуваат.

На младите им се потребни внимание, разбирање и комуникација за полесно да се справат со предизвиците и да се пронајдат себеси.

Елизабета Митреска