Родова еднаквост

Руралната жена бара глас во одлучувањето

18.10.2026 13:05

Го произведуваат она што го јадеме, но немаат глас во одлуките што им го кројат секојдневието. Жените од руралните средини бараат повеќе од признание за својот труд - бараат место на масата каде што се одлучува.

Ленче Петкоска од прилепското село Мало Коњари смета дека е дискриминирана. Руралните жени не се само производителки на храна, туку имаат и свои предлози за решавање на локалните проблеми. Сепак, тие не се доволно вклучени во работата на месните заедници, ниту навремено се информирани за активностите на Општината.

И младите жени во руралните средини се чувствуваат исклучени од општествените процеси.

Недоволниот јавен превоз, неинформираноста за локалните политики и малата вклученост во работата на месните заедници се дел од проблемите со кои се соочуваат жените во руралните средини.

Жените во руралните средини бараат нивниот глас да биде слушнат и да има поголема тежина во донесувањето одлуки и решавањето на локалните проблеми.

Елизабета Митреска