Руски напади врз Херсон
Еден загинат и 22 повредени во новите руски напади врз украинскиот град Херсон. Меѓу повредените е и 11-годишно девојче. Оштетени се станбени и административни објекти.

Во руските напади врз украинскиот град Херсон загина 62-годишен маж, а 22 лица се повредени, меѓу кои и 11-годишно девојче.
Во нападот, кој започнал рано изутрината, биле употребени осум авионски бомби, при што се оштетени 10 станбени згради, две административни згради, еден супермаркет и осум возила.
Украинските сили соопштија дека Русија во текот на ноќта лансирала четири крстосувачки ракети и 332 беспилотни летала.
„Детето и јас бевме во една соба кога ја слушнавме сирената за воздушен напад. Сè експлодираше. Кога ударот погоди точно под нашите прозорци, плочки почнаа да паѓаат врз нас. Почнавме да ги собираме парчињата стакло по првите удари. Едвај успеавме да излеземе надвор“, рече жителка на Херсон.
