Франција

Насилни протести низ Франција

18.10.2026 13:41

Протести против високите трошоци за живот и со барања за подобро образование во повеќе француски градови. Демонстрантите повикуваат на оживување на движењето „Жолти елеци“. Уапсени се 272 лица.

Насилни протести во Франција со барања за подобро образование и против зголемувањето на трошоците за живот. Демонстрантите низ земјата се одзваа на повиците преку социјалните мрежи за оживување на движењето „Жолти елеци“, како реакција на социјалната неправда и наглиот пораст на цените на горивото, енергенсите и храната во последните месеци.

Во Париз и во други француски градови се регистрирани напади врз полицајци, грабежи и оштетување јавни објекти. Полицијата употреби солзавец и водени топови за да ги потисне демонстрантите со качулки и капи, кои фрлале камења и пиротехнички средства кон полициските службеници.

Низ целата земја се уапсени 272 лица.