Протести за достапни станови во Лисабон
Граѓаните на Лисабон бараат пониски кирии и подостапни станови. Демонстрантите поставија шатори и побараа од властите конкретни мерки за решавање на станбената криза.

Демонстранти кои бараат достапни станови се собраа во главниот град на Португалија, Лисабон, а дел од нив поставија и шатори. Тие бараат од властите да обезбедат подостапни станбени услови, да ја ограничат висината на кириите и да го регулираат работењето на фондовите за недвижности кои купуваат стотици станови.
Демонстрантите бараат и укинување на одредени мерки, меѓу кои и програмата „Златни визи“, преку која странски државјани добиваа можност за престој врз основа на инвестиции во недвижности во Португалија.
„За нашата генерација, дури и со просечна, пристојна плата, не постојат никакви изгледи за иднината, како, на пример, можноста да се купи куќа или да се заснова семејство“, изјави еден од демонстратите.
„Ова е порака со која сакаме да кажеме дека се бориме за правото на домување. Исто така, се бориме за правото да бидеме слушнати, нашиот глас да има тежина“, рече друга демонстрантка.
