САД
Трагедија на фудбалско игралиште во американската сојузна држава Канзас
18.10.2026 13:48
Две лица загинаа, а 11 се повредени откако камион влетал на фудбалско игралиште во американската сојузна држава Канзас. Меѓу загинатите е и шестгодишно момче.

Две лица загинаа, а 11 се повредени за време на натпревар, откако камион влетал на фудбалско игралиште во градот Вичита, во американската сојузна држава Канзас.
„Загинаа шестгодишно момче и 35-годишен маж. Возраста на повредените се движи од 5 до 68 години. Возачот, 34-годишна жена, е приведена. Во возилото имало и две деца. Сè уште работиме на утврдување на тоа како и зошто се случило ова“, изјави Арон Мозис, капетан на полицијата во Вичита.
