Локални избори

ДИК: Излезноста во Брвеница до 13 часот изнесува 20,50 отсто

18.10.2026 14:41

На предвремените избори за градоначалник на Општина Брвеница, до 13 часот своето право на глас го оствариле 3.331 избирач, односно 20,50 отсто од гласачите, информира Државната изборна комисија (ДИК). Во споредба со првиот круг од локалните избори во 2025 година, излезноста е поголема за 1,48 процентни поени.

Според податоците пристигнати до ДИК од 24 избирачки места, до 13 часот гласале вкупно 3.331 граѓанин, што претставува излезност од 20,50 отсто.

Од Државната изборна комисија информираат дека гласањето се следи континуирано, а во однос на заштитата на личното избирачко право, до 13 часот биле поднесени шест приговори. Од нив, три се усвоени, додека три се одбиени како неосновани.

Следниот пресек на излезноста и информации за текот на гласањето ќе бидат соопштени на прес-конференцијата на ДИК, закажана за 15:30 часот во седиштето на Комисијата.