Во Македонија 178 зони со потенцијален ризик од поплави
Во земјава се идентификувани 178 зони со потенцијален ризик од поплави, а усогласеноста на домашната регулатива со европската изнесува само 16 проценти. Експертите предупредуваат на недоволна превенција, неподготвеност на институциите и ниска свесност кај граѓаните. Потребни се мапи на ризик, законски измени и конкретни мерки за заштита.

178 зони во Македонија се со потенцијален ризик од поплави. Ниту институциите, ниту граѓаните не воделе сметка дека поплавата е опасност и ризикот зависи од тоа што е изложено на опасност и колку е ранливо, велат експерти од оваа област.
Европската директива предлага за секоја од зоните да се изработат мапи за опасност од полави и да се преземат мерки. И на оваа поле земјава стои лошо, усогласеност на македонската регулатива со онаа на ЕУ само 16%.
Амадмани, законски измени, се пишуваат и разгледуваат, но треба време да се донесат. Додека да се комплетира техничка и институционална спремност и се превенира, во моментот една од единиците за прв одговор при несреќи е Интервената единица на црвен крст составена од 40 луѓе.
Граѓаните малку знаат за ризиците од поплави, од граѓанските организации бараат одговор за полавата која во февруари годинава се случи во Кичево кога се излејаа две реки поради кои речиси 300 луѓе беа евакуирани.
Наташа Јанчиќ Менковски
