Мега Визура – прва пречка за МЗТ
Третата сезона од настапите во Јадранската лига кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром ќе го почнат со гостување во Сремска Митровица кај Мега Визура. Со значително изменет состав во однос на претходните две години, без искуството на Гечевски и на Чековски, а засега и без репрезентативецот Дамјан Стојановски, трикратниот македонки првак ќе се обиде да им парира на клубовите од поранешните југословенски простори.

Тренерот Змаго Сагадин има задача да создаде игра потпирајќи се на млади кошаркари засилени со неколку интернационалци. Тоа е новата стратегина на „сино-белите“, кои лани беа деветти во престижното друштво со 12 победи и со 14 порази. Во дебитанското учество во АБА, МЗТ Скопје имаше позитивен биланс 14-12 што на крајот го позиционираше на високото седмо место.
На дебито сезонава во тимот нема да биде повредениот Канаѓанец Овен Класен, па Американецот Де Мјуинк би требало да биде предводник на засилувањата на коишто ќе се темели играта на словенечкиот стратег Сагадин. Цинцадѕе, Зивчевиќ, Симоновски и Моровиќ го дополнија составот во којшто за една година поголемо искуство имаат Цветковиќ, Лучиќ, Маринковиќ, Николовски. Резултатите од подготвителниот период не влеваат големи надежи, но екипата долго се пополнуваше и не одигра комплетна речиси ниту еден натпревар. Добро е што и противникот во првото коло, тимот на Мега Визура, промени многу во персонална смисла. Заминаа девет кошаркари, па слично како Сагадин, и тренерот Дејан Милојевиќ имаше задача да воигрува. Кој ја заршил работата подобро ќе видиме во преносот на Собранискиот сервис на МРТ, од 19 часот. Лани Мега Визура победи во Смедерево со 101-82, а во Скопје беше 80-72 за МЗТ.