Собрание

Седници на три собраниски комисии денеска во Собрание

19.10.2026 09:07

Три собраниски комисии денеска ќе одржат седници. Комисијата за надворешна политика и надворешна трговија ќе ги разгледува платформите за дипломатските активности на амбасадорите во Египет и Унгарија, додека Комисијата за финансирање и буџет и Законодавно-правната комисија ќе расправаат за измените и дополнувањата на Законот за јавните набавки, во второ читање.

Во Собранието на Република Северна Македонија за денеска се предвидени седници на три комисии: Комисијата за финансирање и буџет, Комисијата за надворешна политика и надворешна трговија, како и Законодавно-правната комисија.

Во фокусот на седницата на Комисијата за надворешна политика и надворешна трговија ќе бидат платформите за дипломатските активности на амбасадорите на земјава во Египет и Унгарија. Пред членовите на Комисијата ќе бидат презентирани платформите на вонредниот и ополномоштен амбасадор во Арапска Република Египет, Елма Алторок, и на вонредниот и ополномоштен амбасадор во Унгарија, Татјана Лопарски.

На дневниот ред на Комисијата за финансирање и буџет и на Законодавно-правната комисија е Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за јавните набавки, кој ќе се разгледува во второ читање.