Франција
Макрон ја одби оставката на министерот за внатрешни работи по немирите во Франција
19.10.2026 11:40
Од Елисејската палата потврдија дека министерот останува на функцијата за да се обезбеди институционален континуитет...

Францускиот претседател Емануел Макрон ја одби понудата за оставка на министерот за внатрешни работи, Лоран Нуњез, по масовните немири и насилства што викендот ја потресоа земјата. Од Елисејската палата потврдија дека министерот останува на функцијата за да се обезбеди институционален континуитет.
Протестите ширум земјата во саботата прераснаа во немири. Нови судири избувнаа вчера и во Париз и Марсеј. Интервентната полиција спречи обиди за грабеж на деловни објекти.
И покрај притисокот од јавноста и понудената оставка на првиот човек на полицијата, државниот врв одлучи во овој момент приоритет да биде стабилноста.
