Руско - украински конфликт

Руски воздушен напад врз Киев, една жена загина, три лица се повредени

19.10.2026 12:42

Во текот на ноќта руски воздушен напад врз Киев, една жртва и тројца повредени. Погодена е метро-станица, оштетена е и станбена зграда од 25 ката, соопшти градоначалникот Кличко.

Една жена загина, а три лица се повредени во руски воздушен напад врз Киев во текот на ноќта. Погодена е метро-станица, оштетена е и станбена зграда од 25 ката, соопшти градоначалникот Кличко.

Во меѓувреме, украинскиот претседател, Зеленски, соопшти дека САД повторно почнале да и доставуваат клучни разузнавачки информации на Украина, за да и помогнат во одбраната од руските ракетни напади.