Турција
Расте бројот на загинати во поплавите во Турција
19.10.2026 11:57
Бројот на жртви во поплавите што ги погодија Истанбул и Коџаели во Турција се искачи на шест, откако спасувачките екипи пронајдоа тела на уште две исчезнати лица...

Бројот на жртви во поплавите што ги погодија Истанбул и Коџаели во Турција се искачи на шест, откако спасувачките екипи пронајдоа тела на уште две исчезнати лица. Потрагата продолжува.
Обилните врнежи минатата средата предизвикале излевање на поток во населбата Ајазага во Истанбул, оштетени се бројни куќи, деловни објекти и возила.
Во погоденото подрачје продолжуваат и активностите за уривање на објектите што се сметаат за ризични и се наоѓаат покрај коритото на потокот.
