НАТО

Панел-дискусија во Скопје: Како новите технологии го менуваат војувањето и иднината на НАТО?

19.10.2026 19:34

Технолошките иновации ги менуваат воените стратегии, доктрини и одбранбени капацитети,но и начинот на кој се водат современите воени операции. Ова беше и главната порака од панел-дискусијата посветена на современото војување и иднината на колективната одбрана на НАТО.

Технолошките иновации го менуваат начинот на водење на воените операции и влијаат врз воените стратегии, доктрини и одбранбени капацитети на државите. Ова е една од поентите на панел-дискусијата, посветена на современото војување и иднината на колективната одбрана на НАТО, насловена дијалог за историја и стратегија.

Како теми од особен интерес, се издвојуваат употребата на беспилотни системи, електронското војување, вештачката интелигенција, мрежно командување и прецизни оружени системи. Разгледани беа и прашањата за важноста на логистиката, одбранбената индустрија и способноста на државите да издржат долготрајни конфликти.

Дали овие промени претставуваат надградба на постојаните воени концепти или означуваат суштинска трансформација на начинот на којшто се водат војните, е едно од клучните прашања коишто се наметнаа на дебатата.

Марија Котовска