Џихадистите од ИДИЛ погубија Британец
04.10.2014 11:39
Исламска држава ја презеде одговорноста за отсекувањето на главата на британскиот државјанин Ален Хенинг (47), заканувајќи се дека следниот заложник кого ќе го погуби ќе биде Американецот Питер Кесиг (26).
Ова е четврти пат како џихадистите на најбрутален начин убија заложник и снимката ја ставаат на Интернет, пренесоа западните агенции.
Двајца американски официјални претставници за американските медиуми поотврдија дека Питер Кесиг, поранешен американски војник кој служел во Ирак, се наоѓа во рацете на џихадистите.

Маскиран џихадист му порача на американскиот претседател Барак Обама дека бидејќи почна воздушни напади врз Сирија и тие ќе продолжат со отсекување глави на неговиот народ.
Хенинг, во портокалова облека и на колена, изјави дека ја плаќа цената за гласањето во британскиот Парламент.
-Крвта на Дејвид Хејнс е на твоите раце премиере Камерон. Ален Хенинг ќе биде, исто така, погубен, но неговата крв е на рацете на пратениците во британскиот Парламент", кажа со британски акцент маскираниот џихадист, кој стоеше зад Хенинг.
Премиерот на Велика Британија, Дејвид Камерон, изјави дека убиството на Хенингс го покажува варварството на џихадистите од Исламска држава, пренесоа британските медиуми.