Трајков со Мариуш Бримора: Реформите и институционалната соработка се клучни за европската интеграција
Викторија Трајков, оствари средба со амбасадорот на Република Полска, г. Мариуш Бримора.
Заменик министерката за европски прашања, Викторија Трајков, оствари средба со амбасадорот на Република Полска, г. Мариуш Бримора.
Разговорот беше посветен на реализираните реформи, тековните активности на институциите и спроведувањето на Реформската агенда.
Трајков ги презентираше активностите за исполнување на реформските приоритети, со акцент на јакнењето на институционалните капацитети и усогласувањето со европските стандарди.
Беше разговарано и за можностите за продлабочување на билатералната соработка и размена на искуства во областите значајни за реформскиот процес.
Средбата ја потврди важноста на континуираниот дијалог со земјите членки на Европската Унија и на партнерската поддршка во остварувањето на европската перспектива на нашата земја.
