Нови парцели под закуп
Повеќе од 2 600 хектари државно земјоделско земјиште се дава под закуп за подигнување на винарници, лозови и овошни насади, ароматични растенија и откупни центари. Закупот може да трае од 15 до 50 години.
На огласот до средината на идниот месец можат да се јават сите физички и правни лица со земјоделска дејност.
Со понудата за висината на годишната закупнина треба да достават и бизнис план за инвестициие,бројот на вработени и банкарска гаранција.

Банкарската гаранција мора да биде со важност од 120 дена, а се враќа до 14 дена по склучувањето на договорот.
Критериум за избор на најповолен понудувач е висината на закупнина,а големината на површината ќе се утврди според техничката опременост и вработените лица.
Почетната цена е од 15 до 25 евра за хектар и зависи од класата на земјиштето.
Доколку има две или повеќе понуди,изборот ќе биде по пат на електронско наддавање.