Здравство

Лицата со ретки болести бараат подобар пристап до терапија

19.10.2026 17:29

Лекот за мускулна дистрофија кој ја успорува болеста е спас за пациентите, и надеж за нивните семејства. Но, сè уште го нема во државата. Апелираат до надлежните навреме да ја набават терапијата...

Од пред неколку години лекот за мускулна дистрофија кој ја успорува болеста е спас за пациентите, и надеж за нивните семејства. Но Ване Петридов чиј син ја има оваа дијагноза е лут бидејќи лекот сè уште го нема во државата. Според него, несфатливо e да се чека да поминат две години од одобрување на лекот во ЕУ, па да се донесе кај нас. Во меѓувреме ја нема ни терапијата којашто ја добивале овие пациенти, а замената предизвикува контраиндикации.

Битките на пациентите со ретки болести не запираат, и кога има пари за терапија и кога тендерот ќе заврши, чекаат 4-5 месеци да добијат лек.

Апелираат до надлежните, навреме да ја набават терапијата, се приближуваат празниците и ако до 15 декември не се завршат процедурите, во јануари и февруари ќе останат без лекови.

По примерот на децентрализацијата на терапијата за мултиплекс и тие бараат да ја добиваат блиску до местото на живеење бидејќи патувањето во Скопје е голем трошок и мака.

Наташа Јанчиќ Менковски