Се прошируваат мрежите за наводнување на хидросистемот „Стрежево“
Хидро системот „Стржево“ прв ја започнува програмата за ревитализација и проширување на наводнувачките мрежи. По над 30 години водата за наводнување ќе стигне и од дргата страна на Црна Река. Со оваа инвестиција ќе бидат покриени 4.000 хектари плодни полња во атарите на општините Новаци и Могила. Паралелно ќе се обновува постојната дистрибутивна мрежа која се протега на окулу 20.000 хектари...

За прв пат од своето над три децениско постоење водата од акумалацијата „Стрежево“ конечно ќе стигне до плодните пелагониски полиња од другата страна на Црна Река. До крајот на годината ќе отпочне првата фаза од проектот кој предвидува нова водоводна мрежа со која ќе бидат покриени 4.000 хектари плодна земја во атарите на општините Новаци и Могила. За земјоделците од бастионот на македонскиот аграр, реализацијата на овој децениски сон ќе значи крај на маките. Велат, без наводнување не е можно да се планираат приносите ниту на најлплодната почва.
„Сите знаеме каков благодет во земјоделието е водата. Досега садевме и постојано гледавме во небото. Немоќни сте под налетот на пеколните жештини. Многупати она што си го посадил не го дало посакуваниот бериќет“, вели земјоделецот Трајан Даралиовски.
80 годишниот земјоделец вели дека последнве години се радувале на субвенциите, сега на водата, а за скоро очекува и на највената странска инвестиција за изградба на откупно преработувачки капацитет, што ќе влијае на локалниот развој на оие мали пелагониски општини.
„Мислам дека со овој зафат ќе можеме со производството да одговориме на потребите на инвеститорот. Со нетрпение го очекуваме првиот индустриски капацитет во ова мала рурална средина, што тоа ќе значи и не трба многу да се објаснува“, вели градоначалникот Стево Пивковски.
Ова е година по која вториот по значење капитлен капацитет во пелагонискиот регион ќе ја памети и по отпочнувањето на подготвителните активности за ревитализација на најкритичните точки од системот. Од владината програма веќе се доделени 80 милини денари.
„Ке ги намениме за решавање на најакутните проблеми. Ќе обновиме неколку значајни водоводни линии, а ќе набавиме и комплетно нов систем за динамичка рагулација кој ја следи водата до спуштањето на крајните корисници“, вели директорот на Стрежево, Маријан Геровски.
Ова е само почеток затоа што во следните дест години владината програма предвидува во мскедонските системи за наводнување да се вложат 20 милиони евра, а бенефитот од тоа да го почуствуваат замјоделците и од останатита региони.
Стевче Митревски
