Македонија

Промоција на 100 нови амбулантни возила

20.10.2026 08:39

Нови амбулантни возила пристигнаа пред спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје, каде што денеска ќе биде промовиран владиниот проект за набавка на вкупно 100 возила за итна медицинска помош. На промоцијата ќе присуствува премиерот Христијан Мицкоски.

Нови амбулантни возила се донесени на паркингот пред Спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје, каде што е најавена промоција на владиниот проект за набавка на вкупно 100 возила за итна медицинска помош.

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски денеска ќе присуствува на промоцијата на проектот.

Како што информираат од владината прес-служба, предвидено е премиерот да даде изјава за медиуми.