Собраниски комисии денеска за измените на Законот за приватизација на градежно земјиште
Комисијата за финансирање и буџет и Законодавно-правната комисија денеска ќе одржат седници во Собранието, на кои единствена точка на дневен ред ќе биде Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за приватизација и закуп на градежно земјиште во државна сопственост...

Комисијата за финансирање и буџет и Законодавно-правната комисија денеска ќе одржат седници во Собранието, на кои единствена точка на дневен ред ќе биде Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за приватизација и закуп на градежно земјиште во државна сопственост.
Предлог-законот ќе се разгледува во прво читање, а со него се предлагаат измени со кои треба да се допрецизираат условите, начинот и постапката за приватизација на градежното земјиште во државна сопственост.
Со новите одредби се уредуваат прашањата поврзани со корисниците на градежното земјиште кои имаат право да го приватизираат, како и постапките за приватизација на земјиште на кое се изградени објекти во етажна сопственост.
