Европа

Заострени безбедносни мерки по насилните протести

20.10.2026 09:59

Во Франција е воведен ноќен полициски час во делови од Париз, а властите најавуваат засилени истраги по викендот обележан со едни од најтешките немири во последните години.

Европа ги заострува безбедносните мерки по насилните протести против скапотијата и лошите јавни услуги. Во Франција е воведен ноќен полициски час во делови од Париз, а властите најавуваат засилени истраги по викендот обележан со едни од најтешките немири во последните години.

„Ќе користиме податоци за геолокација од мобилните телефони и технологија за препознавање лица за да ги идентификуваме сторителите“, изјави Жералд Дарманен, министер за правда на Франција.

Во Италија, владата на Мелони најавува построги мерки по немирите во Милано, каде што се приведени над 200 лица, главно малолетници. Продолжија протестите и во Тирана додека расте бројот на повредени, меѓу кои и граѓани кои не учествувале во демонстрациите. Премиерот Рама најави мерки против насилството.