Свет

Трамп: Мислам дека е време некој друг да преговара во име на Украина

20.10.2026 11:12

Кремљ смета дека мирот не е можен без претставник на Киев подготвен да преземе одговорност. Зеленски најави можни нови разговори со Вашингтон...

Трамп повторно го обвини Зеленски дека не сака да ја заврши војната и порача дека можеби е време друг да преговара во име на Украина.

„Да ме слушаше, одамна ќе склучеше многу подобар договор. Искрено, мислам дека е време некој друг да преговара во име на Украина“, изјави американскиот претседател Доналд Трамп.

Кремљ смета дека мирот не е можен без претставник на Киев подготвен да преземе одговорност. Зеленски најави можни нови разговори со Вашингтон, истовремено предупредувајќи за ограничувањата на „Старлинк“ и загриженоста поради доцнењето на испораката на американски ракети.

„Ова ја нарушува нашата логистика и способноста за напади на среден дострел“, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Во меѓувреме, Украина преговара за евакуација на околу 6.000 жители од окупираниот Олешко, со повици од Ватикан за итна хуманитарна помош.