Иран и Русија ги продлабочуваат односите, тензиите на Блискиот Исток продолжуваат
Трамп тврди дека САД продолжуваат со силен економски и воен притисок врз Иран, а го пофали и Путин за воздржаноста во конфликтот.

Иран и Русија ги продлабочуваат стратешките односи, додека војната на Блискиот Исток продолжува да се шири. По средбата со Лавров во Техеран, шефот на иранската дипломатија повика регионалните конфликти да се решаваат дипломатски, а не воено.
„Проблемите во регионот немаат воено решение, туку треба да се решаваат преку политички и дипломатски патишта“, нагласи Абас Арагчи, министер за надворешни работи на Иран.
Трамп тврди дека САД продолжуваат со силен економски и воен притисок врз Иран, а го пофали и Путин за воздржаноста во конфликтот. Техеран се закани дека ќе ги таргетира подводните комуникациски кабли во Ормускиот Теснец доколку биде загрозена неговата безбедност. Во меѓувреме, продолжуваат нападите на Хутите во Јемен и израелските удари врз Газа.
Во пресрет на изборите во Израел, Трамп го поддржа Нетанјаху, додека Венс порача дека нема да се меша во изборниот процес. Според „Аксиос“, американскиот министер за одбрана Хегсет тајно се сретнал со Нетанјаху, но средбата не е официјално потврдена.
