ДИК

Течат роковите за приговори за изборниот процес во Брвеница

20.10.2026 11:02

ДИК е должна во рок од 72 часа по примерот на приговорите да донесе одлука. Доколку подносителите на приговор не се задоволни од одлуката на ДИК, може да поднесат тужба до Управниот суд.

Течат роковите за приговори кои учесниците на вонредните локални избори за градоначалник на Брвеница може да ги поднесат до државната изборна комисија. – во 19 часот истекува рокот за поднесување на приговори за постапката на гласањето, а до среда во 12.30 може да се подесуваат приговори за постапката за сумирање и утврдување на резултатите.

ДИК е должна во рок од 72 часа по примерот на приговорите да донесе одлука. Доколку подносителите на приговор не се задоволни од одлуката на ДИК, може да поднесат тужба до Управниот суд.

ДИК веќе објави дека во вториот круг на локалните избори за градоначалник на Брвеница влегоа Стојанчо Радичевски од ВМРО-ДПМНЕ и Аркин Јахии од НАИ.