Здравство

Клековски и Ивкова потпишаа план за здравствена соработка

20.10.2026 12:43

Министрите за здравство на Македонија и Бугарија, Сашо Клековски и Катја Ивкова, во Софија потпишаа план за соработка за периодот 2026–2028 година. Предвидено е унапредување на соработката во здравството и медицинските науки. Клековски ја посети и болницата „Мајчин дом“, каде се запозна со практиките за мајчиното и детското здравје.

Министерот за здравство, Сашо Клековски и неговата бугарска колешка, Катја Ивкова, во Софија потпишаа план за соработка меѓу министерствата за здравство на Македонија и Бугарија за периодот 2026-2028 година, со кој се потврдува определбата на двете земји за натамошно унапредување и продлабочување на соработката во областа на здравството и медицинските науки, врз основа на еднаквост, реципроцитет и заемен интерес.

Во рамки на посетата на Софија, министерот Клековски го посети и универзитетскиот акушерско-гинеколошки болнички комплекс „Мајчин дом“, каде се запозна со работата на установата и со современите практики во областа на мајчиното и детското здравје, особено во делот на неонатологијата и грижата за новороденчињата.

Според бугарски медиуми, Клековски ја откажал посетата на Ива Михаилова во „Пирогов“, иако од здравство нема информација дека таква посета воопшто била планирана.