Продолжува судењето за случајот „Државна лотарија“
Осомничените се теретат за злоупотреба на службената положба и проневера на околу 600 милиони денари од буџетот на Државна лотарија при набавка на видеолотариски терминали.

Продолжува судењето за случајот „Државна лотарија“, во кој обвинети се поранешниот вицепремиер Артан Груби, поранешниот директор Перпарим Бајрами и уште шест лица.
Осомничените се теретат за злоупотреба на службената положба и проневера на околу 600 милиони денари од буџетот на Државна лотарија при набавка на видеолотариски терминали.
Поранешниот вицепремиер Артан Груби на 13-ти октомври излезе од куќен притвор.
На минатото рочиште беше сослушан правник вработен во Лотарија, за кој одбраната на Груби вели дека ја потврдил нивната теорија на случај, односно дека екс-вицепремиерот нема вина во случајот.
