Здравство

ПИОМ: Потврда од осигуреници со бенефициран стаж

20.10.2026 14:03

Осигурениците со бенефициран стаж кои сакаат да го задржат членството во вториот пензиски столб треба да поднесат писмена изјава најдоцна до 20 јануари идната година. Рокот почнува од денеска, а доколку не се изјаснат навреме...

Осигурениците со бенефициран стаж кои сакаат да го задржат членството во вториот пензиски столб треба да поднесат писмена изјава најдоцна до 20 јануари идната година. Рокот почнува од денеска, а доколку не се изјаснат навреме, ќе им престане членството во задолжителниот пензиски фонд и средствата од индивидуалните сметки ќе бидат префрлени во ПИОМ.

На ова потсетува агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување, појаснувајќи дека можноста за избор се однесува на членовите на задолжителните пензиски фондови кои имаат стаж на осигурување со зголемено траење и по таа основа можат да ја намалат старосната граница за пензионирање за најмалку една година.

Обврската за поднесување изјава не важи за сите. осигурениците кои во претходните години веќе доставиле изјава за продолжување на членството не треба повторно да го прават тоа, бидејќи нивното членство е продолжено врз основа на претходно поднесениот документ. Од МАПАС посочуваат дека осигурениците треба навреме да се информираат дали се опфатени со оваа обврска и да постапат во законскиот рок, кој истекува на 20 јануари 2027 година.