EST – Владимир Лукаш со изложба на цртежи во Скопје
Владимир Лукаш е роден во 1978 година во Скопје. Тој е визуелен уметник, писател и музичар, чиј творечки интерес се движи низ различни уметнички форми и изразни средства.
Самостојната изложба на цртежи „EST“ на Владимир Лукаш ќе биде отворена вечерва во 20 часот во продажниот ликовен салон на Културно информативниот центар во Скопје.
Изложбата претставува продолжение на авторскиот интерес за латинските поговорки и нивното значење во современиот свет. По книгата „Латински цитати, изреки и фрази“ објавена во декември 2024 година, Лукаш ја продолжува својата творечка потрага, овојпат преку визуелниот израз.
Во фокусот на изложбата е карикатуралното преиспитување на мислата. Како што посочува Дарин Ангеловски, цртежите се движат меѓу карикатурата, ребусот, концептуалната уметност и илустрацијата. Преку хумор, игра со зборови и визуелни парадокси, авторот ги поставува древните мисли во нов контекст, отворајќи простор за нивно поинакво читање и разбирање.
Владимир Лукаш е роден во 1978 година во Скопје. Тој е визуелен уметник, писател и музичар, чиј творечки интерес се движи низ различни уметнички форми и изразни средства.
Изложбата „EST“ ќе биде отворена до 27 октомври, нудејќи им на посетителите можност преку цртежот да откријат како мудроста од минатото добива нов живот во современиот визуелен јазик.
