Синдикалната минимална кошница за октомври зголемена за 926 денари
Вредноста на синдикалната минимална кошница за октомври изнесува 70.358 денари, што е за 926 денари повеќе во споредба со септември. За едно четиричлено семејство што живее во изнајмен стан од 60 квадратни метри, потребни се 85.733 денари месечно, соопшти Сојузот на синдикатите на Македонија.

Вредноста на синдикалната минимална кошница за октомври 2026 година изнесува 70.358 денари, што претставува зголемување за 926 денари во споредба со септември, кога изнесувала 69.432 денари, соопшти Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ).
За домаќинство што живее во изнајмен стан од 60 квадратни метри, пресметаните месечни трошоци за октомври изнесуваат 85.733 денари.
Според пресметките на ССМ, најголем дел од трошоците се однесуваат на храна и пијалаци, за кои се потребни 26.170 денари месечно. За сметки домаќинствата издвојуваат 6.379 денари, а за транспорт 5.468 денари.
