Воен конфликт

Зеленски на мировни разговори во Осло

20.10.2026 16:06

Мировните напори се одвиваат во услови на растечки притисок од Вашингтон. Трамп повторно го критикуваше Зеленски и порача дека можеби е време друг да преговара во име на Украина.

Зеленски на мировни разговори во Осло со американскиот пратеник Виткоф и европските лидери, во обид да се усогласи предлог за прекин на војната во Украина.

„Мора да работиме на завршување на војната преку дипломатија, за да се постигне праведен и траен мир“, изјави Јонас Гар Сторе, премиер на Норвешка.

Мировните напори се одвиваат во услови на растечки притисок од Вашингтон. Трамп повторно го критикуваше Зеленски и порача дека можеби е време друг да преговара во име на Украина.

„Зеленски е човек кој одамна требаше да ја реши оваа војна. Мислам дека е време некој друг да преговара во име на Украина“, изјави Доналд Трамп, претседател на САД.

Зеленски поддржува заемно примирје во нападите врз енергетските објекти, но бара американски ракети за заштита на украинската инфраструктура ако Киев не смее да возвраќа на руските удари.