Македонија

Нови 100 амбулантни возила добива итната медицинска помош во државата

20.10.2026 14:26

Новите амбулантни возила се опремени со современа медицинска опрема, а нивната распределба ќе се врши според потребите на здравствените установи, бројот на интервенции и состојбата на постојниот возен парк.

Итната медицинска помош низ државата добива 100 нови амбулантни возила. Министерството за здравство веќе води разговори за набавка на дополнителни 50 возила следната година.

Новите амбулантни возила се опремени со современа медицинска опрема, а нивната распределба ќе се врши според потребите на здравствените установи, бројот на интервенции и состојбата на постојниот возен парк.

Предвидени се 20 возила да бидат распределени во Скопје, а 80 во останатите здравствени установи во другите градови во земјава.

Инвестицијата чини 7,5 милиони евра. Се очекува конечно да се намали времето на пристигнување до пациентот и побрз транспорт до најблиските клинички центри.