Економија

Влада: До 2030 година на земјава ќе и требаат 50.000 странски работници годишно за да се зачува економската стабилност

20.10.2026 20:15

Од Владата сметаат дека до 2030 година земјава треба да достигне квота од 50.000 странски работници годишно. Според Агенцијата за вработување, приватниот сектор до крај на годинава очекува 14.498 нови вработувања...

Македонија има работна сила, но сите мора да создаваат поголема вредност. Од Владата велат дека до 2030 година на земјава ќе им требаат 50.000 странски работници годишно, за да се зачува економската стабилност на земјава.

Во 2026 во земјата имало 90.020 невработени. Во исто време, стапката на слободни работни места достигнала 2,17%, а само неколку месеци претходно бројот надмина 10.000. Повеќе од 60% од газдите кажале дека имаат потреба од нови вработувања.

Според Агенцијата за вработување, приватниот сектор до крај на годинава очекува 14.498 нови вработувања. Четвртина од нив 5.328 се во преработувачката индустрија, 2.342 во трговијата, 1.437 во градежништвото и 958 во сместувањето и угостителството.

Работоспособно население не значи автоматски продуктивно. Дополнителен ризик претставува и одржливоста на пензискиот систем, оти сè помалку работници уплаќаат придонеси, што долгорочно создава притисок врз фондовите.

Борис Грујоски