Скопје добива нова екоплатформа „ЕкоСкопје“
Диви депонии, несоодветно фрлање на отпад, нелегално горење, уништување на јавно зеленило и оштетена комунална инфраструктура. Овие проблеми од денеска секој граѓанин ќе може да ги пријави преку интернет.
Промовирана новата еколошка платформа „ЕкоСкопје“. Преку неа, жителите на главниот град ќе можат полесно и поедноставно да ги пријавуваат еколошките проблеми во своите населби.
Пријавата треба да содржи локација, краток опис и фотографии од проблемот. Така веднаш ќе биде проследена до надлежните служби.

Освен пријавување на проблеми, преку платформата може да се следи и состојбата со животната средина во цело Скопје.
„Може да ги имаме и најдобрите закони и најновата технологија, ама ако не го смениме нашето однесување и начинот на кој ги третираме улиците, парковите и околината тогаш напредокот останува лимитиран. Денешниот ден не е крајот на приказната, туку е само почеток“.
Целта на проектот, поддржан од Град Скопје и Европската унија, е активно вклучување на сите граѓани во лоцирање и решавање на еколошките проблеми, за почиста и позелена престолнина.
Марија Котовска