Македонија

Показна вежба за постапување при пожар во Дом за стари лица

20.10.2026 18:36

Пожарот не предупредува, а секундите спасуваат живот. Затоа најчесто превенцијата започнува од дома. Оние кои секојдневно се во првата борбена линија, очи во очи со огнената стихија апелираат на внимателност за време на грејната сезона бидејќи веќе се бележат голем број интервенции на електрични инсталации, броила.

Паника, чад, пламен и трка со времето. Во Дом за стари лица избувнува пожар. Ходниците се полнат со чад, а најранливите се соочуваат со најголемата опасност. Како се спасува човечки живот кога огнот ќе го зафати домот? Ова сценарио се одигра во рамките на показна вежба, но опасноста од пожар е реална.

Пожарот не предупредува, а секундите спасуваат живот. Затоа најчесто превенцијата започнува од дома.

Оние кои секојдневно се во првата борбена линија, очи во очи со огнената стихија апелираат на внимателност за време на грејната сезона бидејќи веќе се бележат голем број интервенции на електрични инсталации, броила.

Томески од скопската Противпожарна бригада вели дека покрај огнот се соочуваат и со големи предизвици и недостатоци.

Давањето брз одговор во случај на катастрофа бара многу силна координација од различни чинители, токму затоа и оваа показна вежба се организира во духот на годинашната глобална тема „Отпорноста започнува дома“.

И додека денеска се вежбаше како да се спречи трагедија, летово пожарите пустошеа. Иако сè уште нема конечна бројка проценките се дека имало околу 1.500 пожари.

13-ти октомври се одбележува како Меѓународен ден за спречување на ризици од катастрофи.

Ана Јосифоска