Одбрана

Нови можности за војниците, повисоки плати и инвестиции во модернизацијата на Армијата

20.10.2026 19:51

Професионалните војници по навршувањето на 45 години ќе имаат можност да продолжат со работа во Армијата до пензија. Министерот за одбрана Владо Мисајловски најави нов колективен договор, зголемување на платите, поголем воен буџет и набавка на нова опрема.

Професионалните војници коишто ќе наполнат 45 години ќе можат да останат и натаму на служба во армијата како цивилни лица за обезбедување на воените објекти и персоналот. Една година пред да им истече активната служба, војниците ќе можат да изберат опремнина, служба во други институции или обезбедување во армијата со слични плати до пензија. Веќе има голем интерес и идната година ова право може да го изберат стотина војници. Ќе се менува и формацијата на Армијата.

Наскоро ќе има нов колективен договор и зголемување на платите, најави министерот за одбрана Мисајловски.

Следната година ќе се зголеми воениот буџет, ќе се вложува во опрема и модернизација. Два нови хеликоптери ќе пристигнат идниот месец, а ќе се набавуваат и беспилотни летала.

Од одбрана најавуваат нови борбени униформи, изградба на по еден нов објект во касарните и реконструкција на Домот на Армијата во Скопје.

Ирина Гелевска