Шкрбац за МРТ: Двојните стандарди проблем за Европската унија

04.10.2014 17:09

Принципот на одлуки со консензус е уште едно од искуството, на патот кон Брисел коешто не поврзува со Хрватска. Тие проблемот со Словенија го решија, нашиот со Грција мирува...

Проширувањето и новите глобални случувања, според  хрвтаскиот европратеник Давор Шкрбац, на виделена исфрлаат дел од проблемите во функционирањето на Европската унија. За најавата дека во пакет со одложеното проширување одат и повисоките кретиреми за земјите аспирантки, хрватскиот европратеник ги препознава  двојните стандарди кои што ги почувствувала и Хрватска.

„Еден од проблемите на ЕУ е тоа што во некои области нема воспоставено заеднички  стандарди. И искуството на Хрватска покажува дека секогаш пред оние што влегуваат во клубот се поставуваат повисоки стандарди, односно постарите членки  како да уживаат некакви привилегии. Во тој пакет влегуваат и правата на заедниците како дел од областа човекови права. Хрватска го имаше искуството во исполнувањето на повисоките критериуми, отколку оние што важеа на пример за Романија и Бугарија, но ова не смее да се користи како начин за закочување на  проширувањето“, објаснува за МРТ хрватскиот европратеник Давор Шкрбац.

Принципот на одлуки со консензус е уште едно од искуството, на патот кон Брисел коешто не поврзува со Хрватска. Тие проблемот со Словенија го решија, нашиот со Грција мирува.

Едногласното одлучуввање можеби досега беше проблем за одделни држави, но одсега според Шкрбац консензусот ќе станува се поголем проблем и за европскиот  клуб.

„Практично кризата со Украина покажа одредени слабости во ЕУ. Односно, дека за некои важни теми, како што е енергетиката тешко е да се обезбеди единство. Тука   се и некои други прашања, за кои што во наредните 5 години ќе мора да се најде решение. Со зголемувањето на бројот на членките ќе расте и проблемот со консензусот , но се надевам дека овој состав на ЕУ парламентот кој доби повеќе  можности утврдени со Лисабонскиот договор, ќе има поголемо влијание во  одлуките на Европската влада“, додава Шкрбац.

За 4 дена Македонија ќе го добие 6 –от извештај. Шкрбац се воздржува од прогнозата, но она во што сум сигурен, вели е дека Македонија и натаму ќе ја има Хрватската и Словенечката историска солидарност како сојузник во процесот на евроинтеграциите.

Виолета Димовска